бележи
бележат, бележете; бележев, бележеа; бележел, бележеле; бележен; бележејќи; бележив, бележија, бележаа; бележил, бележиле, бележан
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 2999
1.
Става белег, ознака.
Примери:
Јагнињата ги бележат на Благовец.
Говедата ги бележеа со усвитено железо.
Тој го бележеше просторот до шумата.
2.
запишува
Примери:
Студентот ги бележеше предавањата во тетратка.
Новинарот ги бележеше заклучоците од седницата.
Настаните на денот ги бележи во својот дневник.
Ги бележи туѓите долгови на рабуш.
3.
(само во 3л.) постига, покажува
Примери:
Зголемувањето на цените на нафтените деривати бележи висок процент.
Доларот бележи пад во однос на еврото.
Женската ракометна репрезентација бележи само успеси и победи.
Изведенки
бележење ср.
глаг. им.
глаг. им.